Тешко повреден работник во Охрид

од Берта Китинска
155 прегледи

На 11.10.2022 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди бил однесен Б.И.(20) од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на покрив од фабрика во Охрид.

По насоки на Јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи и општински инспектор за безбедност и здравје.