Видеото на кое се гледа како рускиот претседател Владимир Путин куца по скалите на авионот во Техеран повторно ги разгоре гласините за неговата лоша здравствена состојба.
На видеата се гледа и дека десната рака на Путин е вкочанета и дека дури и спуштањето по неколку скали е напор за него.
Неговата рака остана вкочанета дури и додека одеше по црвениот тепих што беше поставен на аеродромот Мехрабад во Иран.
Sickly Putin hobbles along red carpet with his arm hanging limp by his side as he arrives in Iran for anti-West summit pic.twitter.com/20LYvyLabs
— The Sun (@TheSun) July 19, 2022
Британските медиуми ова го гледаат како уште еден во низата „докази“ дека Путин е физички болен.
„Човекот што доаѓа зад него на видеото се чини дека нема проблем да ги користи скалите, но Путин се свртува настрана и незгодно се симнуца. Тоа може да биде поради неговата висина или дури и неговата возраст, но се чини дека има потешкотии“, изјавила експертка за говор на телата Џуди Џејмс за „Мирор“.
Да потсетиме, претходно се шпекулираше дека шефот на Кремљ цврсто ја држи десната рака затоа што на обука за шпион го учеле дека во секој момент може да го повлече оружјето кое му е на десниот колк.
Директорот на ЦИА: Путин е сосема здрав
Иако западните медиуми постојано тврдат дека Путин е во лоша здравствена состојба, директорот на ЦИА Вилијам Барнс изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е повеќе од добро.
„Колку што можеме да заклучиме, тој е целосно здрав“, рече Барнс, додавајќи дека неговата изјава „не е формална разузнавачка информација“.