Животот има одлично чувство за иронија, па често не става во навидум нерешливи ситуации. Некогаш околу вас е „мртво“, а потоа одеднаш двајца се заинтересирани, а најлошото е што двајцата ви се допаѓаат.
И додека „лупате со глава“ на кој од двајцата да му дадете шанса, се консултирате со пријатели и астролози затоа што се плашите да не ја пропуштите љубовта на вашиот живот давајќи му шанса на погрешната, ова е решението.
Затоа, земете пенкало и хартија, седнете и одговорете на следните осум прашања.
1. Кој е подготвен за врска?
Доколку сакате долга врска, најдобро би било да застанете за момент и да се обидете да ги прочитате нивните сигнали.
Дали некој од нив зборува за заедничка иднина? Дали некој ве нарекол негова девојка? Дали сè уште имаат профил на страниците за запознавање? Дали поминувате квалитетно време заедно или се чини дека тој е фокусиран само на секс?
И, се разбира, колку неговата визија се совпаѓа со вашата. Можеби тој сака деца, а вие не… Ова се сите работи што треба да ги земете предвид додека не одредите кој маж, од двајцата, може да биде вашиот вистински избор.
2. Колку добро се вклопува во вашите желби?
Размислете за вашата листа на желби и квалитети кога станува збор за маж. Што барате од маж? Запишете ги на хартија, а потоа кои квалитети од вашата листа ги има секој од нив, а кои не.
Обрнете посебно внимание на оние кои не се најдоа на вашата листа. Дали се работи без кои не можете да живеете и кои се одлучувачки или тоа е само нешто што сакате да биде така? Размислете внимателно.
3. Што ви пречи кај секој маж?
И не, тие и двајцата не се совршени, без разлика колку сте обземени во моментот. Веројатно досега сте ги запознале доволно за да знаете што ве загрижува, нервира или ве мачи. Можеби едниот џвака со отворена уста, а другиот грдо се смее. Сигурно има работи кои би можеле да ве натераат да се двоумите пред да продолжите понатаму. И, се разбира, објективно проценете со што би можеле да живеете.
4. Каква е сексуалната хемија меѓу вас?
Ако сте биле интимни и со двајцата, лесно ќе дадете одговор, а ако не сте, размислете за страста што се буди во вас.
Исто така, прашање е со кој од двајцата почесто замислувате интимност. Затоа што хемијата е важна за опстанокот на врската.
5. Што мислат пријателите?
Тоа е последно, но не е лошо да слушнете што имаат да кажат вашите пријатели. Особено ако ве видат покрај двајцата. Тие ќе можат да бидат пообјективни од вас. Може да направат некои важни забелешки кои сте ги занемариле.
6. Како се чувствувате покрај секој од нив?
Треба да изберете маж кој прави да се чувствувате среќни и исполнети и кој ќе ви помогне да бидете најдобрата верзија од себе, а не некој што ќе направи да се чувствувате безвредно, непривлечно или недостојно. До кого се чувствувате подобро и која верзија од себе ви се допаѓа повеќе, со едните или другите?
7. Какви емоции имаат кон вас?
Секогаш избирајте го оној кој нема проблем да покажува чувства кон вас. Можеби не е лоша идеја да разговарате со секој од нив за да добиете појасна претстава за тоа како тие се чувствуваат за вас.
8. Што ви кажува вашата интуиција?
Замислете дека некој мора да исчезне и мора да остане. Кој би бил, на ова прашање треба веднаш да одговорите без многу размислување. Честопати нашата интуиција ни шепоти, а ние ја замолчуваме или само се преправаме дека не ја слушаме. Верувајте на вашата интуиција кога ја донесувате оваа одлука. Таа можеби знае повеќе од вашиот мозок во моментов.