612
Tesla им кажа на добавувачите дека сака да започне со производство на ново масовно електрично возило, со кодно име „Редвуд“ во јуни 2025 година, изјавија денеска четири лица запознаени со ова прашање.
Извршниот директор на Tesla, Eлон Маск, планира да произведе подостапни електрични возила кои се очекува да бидат изградени во следната генерација на поевтини електрични автомобили, објави Ројтерс.
Тие модели, вклучително и почетен автомобил од 25.000 долари, ќе и овозможат на компанијата да се натпреварува со поевтини автомобили на бензин и со се поголем број евтини електрични возила.