Tesla испорача 936.172 електрични возила во 2021 година

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Tesla објави во неделата дека испорача 308.600 електрични возила во четвртиот квартал од 2021 година, надминувајќи го претходниот квартален рекорд, како и очекувањата на аналитичарите.

Во истиот период во 2020 година, американскиот производител на електрични автомобили произведе вкупно 305.840 целосно електрични возила.

Во текот на целата минатата година Tesla испорача 936.172 возила, што е зголемување за 87 отсто во однос на 2020 година, кога компанијата за првпат оствари годишен профит со испорака на 499.647 автомобили, пренесe CNBC.