Тесла Модел 3 со два мотори ќе дебитира во текот на летото

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Елон Мaск секогаш го привлекува вниманието на неговите фанови ширум светот. Уште една причина за дискусиите околу Маск беше фактот дека беше најавен Тесла Модел 3 со два мотори. Моделот треба да биде достапен на пазарот околу јули оваа година.

Во пораката на Твитер од Маск се вели дека производството на Модел 3 треба да достигне 5.000 единици неделно, пред да биде направен покомплексен модел.

Во моментов се произведуваат околу 2.100 парчиња неделно. Дури и со новата фабрика во Невада, компанијата не успеа да ја достигне целта од 2.500 единици неделно, која имаше краен рок до крајот на март.

Затоа лансирањето на Тесла Модел 3 со два мотори не изгледа многу реално. Но, ние зборуваме за компанијата на човек кој истрела автомобил во вселената, па така најневеројатни работи се можни.

Слични содржини