Производителот на електрични автомобили Tesla Motors дури сега објави дека уште во мај се случила сообраќајна незгода со кобни последици во Model S со вклучен автопилот. Tesla удрила под прав агол во шлепер. Притоа загинал возачот на американската лимузина. Како што објавуваат од Tesla, ниту автопилотот, ниту самиот возач не можеле да го распознаат белиот камион пред светлата заднина. Калифорнискиот производител, сосема вообичаено, во својот блог објавува дека автопилотот на Tesla е технологија што се наоѓа во бета-фаза, односно уште е во фаза на развој и тестирање. Случајот го истражуваат и властите за безбедност на патиштата. Сосема е веројатно по овој случај да биде наложен сервисен повик за возилата на Tesla, заради отстранување на пропустите.
