412
Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, изјави дека компанијата ќе прави роботакси, а следната година ќе започне со производство на три нови возила, јавува денеска Асошиејтед прес.
Маск не кажа детали за роботаксито, освен дека „ќе изгледа прилично футуристички“.
Тој најави дека „Тесла“ следната година ќе започне со производство на пикапи „Cybertrack“ во својата нова фабрика во близина на Остин, Тексас, по што ќе започне со производство на нов родстер и електрична полуприколка.
Тој истакна дека компанијата би можела да започне со производство на роботакси во 2023 година.
„Следната година ќе има огромен бран на нови производи“, рече Маск.