Силниот раст на продажбата на кинескиот BYD води до големи промени во нарачките. BYD Auto се израмни со Tesla во глобалниот удел на пазарот на електрични возила во третиот квартал и се очекува да ја престигне Tesla како глобален лидер во четвртиот квартал, објави во својот најнов извештај истражувачот на пазарот Counterpoint Research.
BYD и Tesla имаа по 17 отсто удел на глобалниот пазар на електрични возила во третиот квартал. Нивните учества во истиот период минатата година изнесуваа 13 отсто (BYD) и 17 отсто (Tesla), соопшти „HAK“.
Во март 2022 година, BYD престана да произведува и продава автомобили кои се напојуваат само со мотори со внатрешно согорување, фокусирајќи се на производството на електрични автомобили и приклучно хибридни возила (PHEV). Кинескиот гигант продаде 822.094 патнички електрични возила во третиот квартал, вклучувајќи 431.603 EV и 390.491 PHEV.