„Тесла“ отвори фабрика во Шангај за производство на многу големи батерии

од Vladimir Zorba
6,3K прегледи

Компанијата „Тесла“ започна да работи на нова фабрика во Шангај, која од почетокот на 2025 година треба годишно да произведува 10.000 мегапакувања, многу големи батерии за складирање огромни количини електрична енергија, соопшти кинеската групација „Линганг“, државната компанија одговорна за развојот на таа област.

Фабриката за батерии ќе се наоѓа во близина на Гигафабриката во Шангај, најголемата на „Тесла“ надвор од САД, која произведува близу милион автомобили годишно, објави CNN.

„Ова е важна пресвртница за „Тесла“, напиша денеска потпретседателот на Тесла, Том Жу, на веб-страницата на владата во Шангај.

Слични содржини