Tesla повлекува 694.000 автомобили

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Tesla повлекува 694.000 возила поради проблем со предупредувачкото светло на системот за следење на притисокот во гумите, објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Причината за отповикувањето е што светлото може да не остане запалено помеѓу возните циклуси и со тоа да не го предупреди возачот за низок притисок во гумите, објави „CNBC“.

NHTSA објави извештај за безбедносното повлекување, истакнувајќи дека „возењето со неправилно напумпани гуми го зголемува ризикот од судар“.

Tesla одговори со објавување дека ќе обезбеди бесплатни ажурирања на софтвер „преку воздух“, со писма за известување кои се очекува да бидат испратени до сопствениците на 15 февруари 2025 година.

Ова не е прво отповикување со кое се соочил производителот на автомобили, а само неговиот Cybertruck бил отповикан седум пати оваа година, објави АП.

Во јули, Tesla повлече повеќе од 1,8 милиони возила откако доби поплаки дека хаубата на некои се отворале ненамерно.

Слични содржини