„Тесла“ ќе повлече повеќе од 475.000 електрични автомобили од типовите „модел три“ и „модел с“ поради проблеми со багажникот и камерата што ја снима околината зад возилото, што го зголемува ризикот од сообраќајки, објави Американската агенција за безбедност во сообраќајот.
Американскиот производител повлекува од пазарот 356.309 примероци од „моделот три“ направени од 2017 до 2020 година поради проблеми со камерата и 119.009 примероци од „модел с“ поради неисправен преден капак на багажникот.
-Недостапноста на дисплејот на задната камера може да влијае на погледот на возачот и да го зголеми ризикот од судар, се вели во соопштението.
-На „Тесла“ не и е познато дека поради овие проблеми дошло до сообраќајки или дека има повредени или загинати, додава агенцијата.
Вредноста на акциите на „Тесла“ падна за 1,1 отсто.