Тесла повлекува повеќе од 800.000 возила во САД

од Nikola Popovski
286 прегледи

Американската компанија Тесла одлучи да повлече повеќе од 817.000 возила во САД поради проблем со предупредувањето за неврзување појас.

Тесла ги повлекува возилата поради можноста да не се огласи предупредувачкиот звук кога ќе тргне автомобилот, а возачот не го врзал појасот, се вели во документите на Управата за безбедност во сообраќајот објавени денеска.

Повлекувањето ги вклучува моделите „S седан“ и „X SUV“ од 2021 и 2022 година, како и моделот „3 седан“ произведен од 2017 до 2022 година и моделот „Y SUV“ од 2020 до 2022 година.

Според федералните закони за безбедност на моторни возила, мора да се огласи предупредувачки звук кога возилото тргнува ако безбедносниот ремен не е врзан.

Проблемот беше откриен на 6 јануари од јужнокорејскиот институт за тестирање и истражување на автомобили, по што компанијата Тесла спроведе истрага и на 25 јануари утврди дека е неопходно да се повлече возилото.