Tesla повторно ги намалува цените на автомобилите

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Американскиот производител на електрични возила Tesla повторно ги намали цените на своите два најскапи модели, што е петто намалување на возилата на компанијата оваа година.

На почетокот на годината компанијата најави значителни „прилагодувања на цените“ со цел полесно да се соочи со се посилната конкуренција на пазарот на електрични автомобили.

Овој пат најголем попуст доби моделот X, кој е поевтин за девет отсто, а најсилната верзија на моделот S, кој е поевтин за четири отсто, пренесува SeeBiz.

Како што рече основачот на Tesla, Елон Маск минатата недела, компанијата сака да ја „отстрани единствената причина зошто некои луѓе не се одлучуваат да купат Tesla“ со попуст.

„Желбата на луѓето да поседуваат Tesla е исклучително висока. Ограничувачкиот фактор е нивната куповна моќ“, нагласи Маск.

Во последниот квартал од минатата година компанијата оствари добивка од 3,7 милијарди долари, што е за 59 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Приходите скокнаа за 37 отсто на 24,3 милијарди долари.

За добрите резултати придонесе и зголемувањето на бројот на испорачани возила за 31 отсто во однос на претходната година.

Слични содржини