Компанијата Tesla продаде 2.803 Cybertruck возила во првиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците објавени од финансискиот портал Finbold.
Во јануари 2024 година беа продадени 869 електрични пикап возила на Tesla, така што продажбата се зголеми на 925 возила во февруари и на 1.009 во март, така што компанијата бележи постепен пораст на продажбата.
Податоците покажуваат дека Tesla продавала просечно по 31 пикап Cybertruck дневно во САД во првиот квартал од 2024 година.
Tesla сè уште заостанува зад Ford во продажбата на електрични пикап возила, кој продаде 7.335 возила во првиот квартал од 2024 година.
На трето место е Rivian со 2.737 возила, додека General Motors продаде 1.061 возило од оваа категорија.
Според CNN, во средината на април Tesla бил принуден да ги повлече сите продадени Cybertruck возила поради проблеми со педалата за гас, која може да се заглави и со тоа да го зголеми ризикот од несреќа.