Tesla произведе 4.000.000 возила

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Tesla го слави производството на своето 4 милионито возило, само 7 месеци откако компанијата го произведе своето 3 милионито возило.

За време на својот неодамнешен Ден на инвеститорите, американскиот производител на електрични автомобили истакна дека биле потребни 12 години за да се направат еден милион возила. Благодарение на лансирањето на Model 3 во 2018 година, на Tesla и беа потребни 18 месеци да го изгради својот 2 милионити автомобил, а потоа уште 11 месеци да го изгради својот 3 милионити автомобил.

Сегашната стапка на производство на Tesla е приближно 142.000 автомобили месечно или 1,7 милиони возила годишно. Бидејќи побарувачката за моделите на Tesla се зголеми во последниве години, Гигафабриките во Тексас, Берлин и Шангај му дозволија на производителот на автомобили брзо да го зголеми производството.

Се разбира, Tesla има уште долг пат да помине ако се надева дека ќе ја достигне целта на Елон Маск за производство на 20 милиони возила годишно до 2030 година. Маск претходно изјави дека на производителот на автомобили ќе му требаат околу 12 гигафабрики за да ја постигне таа цел.

Покрај плановите за основање нови Гигафабрики низ светот, Tesla има намера да потроши 3,6 милијарди долари во Невада за да ја прошири својата постоечка Гигафабрика со нови производствени капацитети на Tesla Semi.