Tesla сака нивните конектори за полначи за ЕВ да станат стандард во Северна Америка

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Кога станува збор за полнење на електрични автомобили, проблемот се јавува во компатибилноста на конекторите во електричните возила и полначите за ЕВ. Ова е најизразено во Северна Америка, каде има и најмногу електрични возила.

Tesla разви сопствен полнач, кој се разликува од другите, што е логично, бидејќи е првата компанија која пушти голем број електрични автомобили на пазарот. Сите други автомобили користат конектори кои се во согласност со сегашниот северноамерикански стандард – Combined Chargingg System (CCS).

Сепак, како доминантна компанија на северноамериканскиот пазар на електрични возила, Tesla сака да го промени тој стандард. За таа цел, тие ги направија дизајнот и спецификациите на нивниот стандард за конектор за полнач достапни за сите производители. Во исто време, тие го ребрендираа овој конектор како „Nort American Charging Standard (NACS)“, што очигледно укажува на желбата да се направи официјален стандард за конектори за полначи. Компанијата се надева дека производителите на полначи за електрични возила ќе го усвојат овој дизајн и ќе го имплементираат во нивните постоечки и идни модели на полначи.

Аргументите на Tesla се, освен големиот број возила кои веќе ги користат, дека овие конектори немаат подвижни делови, се помали по големина и обезбедуваат побрзо полнење од конкурентните алтернативи. Веќе, бројот на возила во согласност со NACS е двојно поголем од бројот на возила со стандардот CCS, а бројот на инсталирани полначи на Tesla е за 60 проценти поголем од сите CCS полначи на теренот во Северна Америка. Ова се секако бројки кои не можат да се игнорираат.

Во прилог на ова, Tesla изјави дека веќе има одреден број на оператори кои планираат да вградат NCAS конектори во своите полначи, иако не прецизираа за кои оператори станува збор, ниту пак за колку полначи станува збор. Во секој случај, бројките се во корист на Tesla, а дали желбата ќе им се оствари ќе видиме во наредните години.