Tesla веќе има 10.000 суперполначи во Европа

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Мрежата на станици за полнење на Tesla Supercharger се шири низ Стариот континент како вирус. Компанијата Tesla на Twitter се пофали дека достигнала бројка од 10.000 единици за полнење во Европа…

Овие полначи се достапни во 30 европски земји. Вкупно, Tesla има инсталирано 876 станици за полнење во Европа, а вкупно Tesla има 4.256 станици за полнење и над 38.500 индивидуални полначи во светот.

Германија (143), Франција (123), Велика Британија и Норвешка (95) и Шведска (65) имаат најмногу станици за полнење во Европа.

За потсетување, во 14 европски земји, Tesla ја лансираше пилот програмата Non-Tesla Supercharger, која ги прави достапни полначите на Tesla за полнење електрични автомобили што не се Tesla.

Ова е можно благодарение на преминот на новите автомобили на Tesla кон конекторот CCS Combo 2, кој се смета за стандарден во Европа.