Tesla за прв пат го престигна Audi во глобалната продажба на автомобили

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Според објавените податоци, производителот на електрични возила Tesla минатата година во продажба ја надмина една од најугледните германски марки премиум автомобили, Audi.

Tesla на клиентите им испорача 1,79 милиони возила минатата година, додека Audi продаде 1,67 милиони автомобили во 2024 година, 12 отсто помалку од претходната година, пишува Bloomberg.

2024-та не беше без проблеми за Tesla. Американската компанија го забележа првиот пад на годишните испораки по повеќе од една деценија и тесно ја задржа предноста пред кинески BYD.

Во Европа, продажбата на електрични возила е под очекуваното, откако неколку земји ги намалија субвенциите. Германските производители на автомобили се борат со слабата побарувачка за луксузни автомобили во Кина, каде опоравувањето останува неизвесно, како и конкуренцијата од локалните производители.

Фолксваген, Мерцедес-Бенц и БМВ, како и многу други производители на автомобили, предупредија на пад или забавен раст на профитот поради тешкотиите на пазарот.

Продажбата на Audi падна на германскиот, кинескиот и северноамериканскиот пазар, а испораките на целосно електричните модели на компанијата во 2024 година паднаа за околу осум отсто на околу 164.000.

Слични содржини