Суетата е можеби најуниверзалната човечка карактеристика. Не се согласувате? Зошто сте ја отвориле оваа статија тогаш?

Вистината е дека секој од нас, без разлика колку е “над нештата” и каков несуетен е, понекогаш потајно се прашува како ли изгледа во очите на другите.

0902421001462868455_538893_600x458

Всушност, харизмата на човек е збир од повеќе карактеристики, кои воопшто не се исцрпуваат со бојата на очите, должината на носот или растојанието на челото. И тоа е факт кој не прави единствени и шармантни во својата индивидуалност.

Направени се сепак голем број истражувања, кои сепак поставуваат некакви основни карактеристики за “мудроста на физичката привлечност”.

Дали имате таква всушност може да дознаете за неколку минути, преку еден онлајн тест базиран на слика.

(ГАЛЕРИЈА) Љубовта пред и по бракот

Правилата се следниве:

Прво, треба да ги означите дека се согласувате со условите и да го пријавите својот пол – Male за мажи и Female за жени.

Закачете својот портрет фотографија на даденото место (Browse), на неа лицето да ви се гледа на фронтално и да е отворено.

Наместете ја со Pan Tool, прикажан одстрана.

Потоа, преку Arrow Tool (стрелката) започнете да кликате на оние места кои ви ги покажува моделот острана. На пример, точка број 1 во горниот дел на челото, а точка број 2 – врвот на десното уво.

Обележете ги сите 17 точки на лицето и притиснете NEXT.

Програмата ќе пресмета колку сте привлечни од 1 до 10.

Внимание: Можно е да се судрите со некои критики. Ви советуваме да не ги земате за фундаментална вистина која ќе те води во животот, туку, како забавни коментари.

Направете го тестот ТУКА!

Слични содржини