Тестаментот на Лери Кинг: Сè им оставил на децата, а не ја ни спомнал 7-та жена од која не успеа да се разведе

од Nikola Popovski
248 прегледи

Легендарниот радио и телевизиски водител Лери Кинг (1933-2021) почина во саботата, 23 јануари, во болница во Лос Анџелес на 88-годишна возраст, а сега е откриено и на кого му го оставил имотот вреден 2 милиони долари.

Имено, славниот водител им оставил огромна сума пари на своите деца, пишувајќи тестамент пред да умрат две од неговите пет деца, се наведува во извештајот.

Легендарниот Кинг напишал тестамент во кој прецизирал дека сè треба да се „подели подеднакво меѓу неговите деца Енди, Чаи, Лери Џуниор, Шанс и Канон“, пренесува ТМЗ.

Ѕвездата на „Си-Ен-Ен“ ја запиша својата желба на 17 октомври 2019 година, пред неговите две деца да починат.

2020 година беше многу тешка година за Кинг. Во период од три недели, тој го загуби синот Енди, кој почина од срцев удар и ќерката Чаја, која почина од рак на белите дробови на 52-годишна возраст.

Тоа беше два месеци откако тој поднесе барање за развод од неговата седма сопруга Шон Кинг, која не беше спомната во тестаментот.

Синот Лери Кинг Џуниор бара од судот да го назначи за администратор на имотот на неговиот татко, имајќи предвид дека 87-годишниот водител на шоуто сè уште беше во фаза на развод кога почина минатиот месец.

Имотот на Лари Кинг се проценува дека вреди 2 милиони долари, но во тоа не спаѓаат парите што ги вложил во многу инвестиции.

Дејли Меил пишува дека богатството на Лери се проценува на 50 милиони долари. Сè што има, според неговите желби, треба да се подели меѓу децата.

Да потсетиме, Лери зад себе има 8 брака и 7 поранешни сопруги, затоа што двапати се ожени со Алин Акинс, а од браковите имаше пет деца, за кои во повеќе наврати рече дека се негов живот, а сега им остави сè што имаше.