Тестенини со авокадо и босилек

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Состојки:

– 300 гр тестенини

– 1 китка босилек

– 2 авокада

– 2 лажици сок од лимон

– 2-4 чешниња лук

– 1/2 чаша маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Сварете ги тестенините по ваш избор во солена зовриена вода.

Додека се варат тестенините, направете го пестото.

Во блендер ставете босилек, „месото“ од авокадото, сок од лимон, лук и маслиново масло. Зачинете со сол и бибер.

Кога тестенините ќе се сварат, процедете ги и ставете ги во сад, измешајте го пестото и послужете.

По желба изрендајте кашкавал, посипете со рендан пармезан и ставете ги врз тестенините.

Слични содржини