161
Состојки:
– 500 гр фета сирење
– 500 гр свежи чери домати
– 4 лажици маслиново масло
– 1/2 лажица оригано
– 1/2 лажичка мелен бибер
– 200 гр тестенини
Подготовка:
Измијте ги чери доматите
Благо подмачкајте го огноотпорниот сад, па во средината ставете го фета сирењето, а околу него чери доматите.
Се прелива со маслиново масло и се пече на 200 степени околу половина час.
Сварете ги тестенините и исцедете ги.
По половина час извадете ги од рерна фетата и чери доматите и изгмечете ги со вилушка.
Додадете ги зачините и измешајте, па вратете ги во рерна десетина минути.
Потоа додадете ги тестенините, мешајте додека сосот не се соедини.
Послужете додека е топло.