Тестенини со панцета и брокула

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Состојки:

– 300 гр тестенини

– брокула, количина по желба

– 2 чешниња лук

– 1 павлака за готвење

– 200 гр панцета

– 1 јајце

– пармезан

– сол, бибер

Подготовка:

Гответе ги тестенините и брокулата во солена вода.

Кромидот и панцетата се сечкаат ситно, па се пржат на врело масло.

Јајцето изматете го и додадете ја павлаката, па сè посипете со малку бибер.

Брокулата и тестенините измешајте ги со панцетата, ставете ги во огноотпорен сад, па прелијте ги со смесата од павлаката и јајцата.

Посипете со рендан пармезан и ставете во рерна 10 минути да се пече.

Слични содржини