327
Состојки:
– 500 гр шпагети или тестенини по избор
– 150 гр кари
– 1/2 кг шампињони
– 125 гр путер
– 1,5 дл бело вино
– сок од 1/2 лимон
– 1 шака суво грозје
– сол
– бибер
Подготовка:
Сварете ги тестенините во врела вода, процедете ги и оставете ги на страна.
Шампињоните исчистете ги, исечете ги на ленти и пржете ги во путер со додавање бело вино и кари, сол и бибер по вкус.
На крајот додадете неколку капки сок од лимон.
Се динста уште неколку минути, се додава сувото грозје, се трга од оган и се прелива како прелив врз тестенините.
Послужете топло.