Тестенини со печурки и тиквички

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Едноставно и брзо јадење за оние денови кога сакате да се одморите од месо.

Состојки:
(за 3 лица)
– 250 гр тестенини
– 450 гр шампињони
– 1 голема тиквичка
– 3 чешниња лук
– 100 мл пире од домати
– малку маслиново масло
– сол, бибер, зачини по желба
– рендан пармезан

Подготовка:

Сварете ги тестенините во солена вода. Исцедете ги и оставете ги на страна. Сочувајте 100 ml вода во која се варени тестенините.

Загрејте го маслиновото масло во длабока тава. Додадете ги исчистените исечени шампињони и динстајте неколку минути.

Додадете тиквички исечкани на коцки и издробен лук.

По 10 минути додадете ги пасираните домати и зачините по вкус. Промешајте и намалете ја температурата.

Додадете ги сварените тестенини и водата во која се варени. Сè добро измешајте. Се трга од шпорет и се остава неколку минути тестенините да ги впијат сите вкусови.

Послужете топло посипано со рендан пармезан.

Слични содржини