Кремасти, едноставни и вкусни тестенини со печурки.
Состојки:
– 1 главица кромид
– 1 лук
– 300 гр шампињони
– помалa тиквиca
– 3 лажици доматно пире
– 1 голема црвена пиперка
– 200 мл павлака за готвење
– 200 мл врела вода
– сол, бибер
– 200 гр тестенини
– кашкавал за посипување, по желба
Подготовка:
Ставете ги тестенините да се варат во солена вода.
Загрејте го маслото, па пропржете ги и кромидот и тиквичките исечкани на коцки, па додајте ги шампињоните и пропржете неколку минути.
Додадете доматно пире, пиперка која добро сте ја запржиле и сомелеле на сецко, зачинете со сол, бибер и убаво измешајте.
Истурете вода, многу малку и оставете да се варат околу пет минути, по потреба додадете ја остатокот од водата.
Пред самиот крај додадете павлака, зачинете по вкус и убаво измешајте.
По желба посипете со кашкавал.