Тестенини со туна и зеленчук

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Тестенини со туна и зеленчук, многу едноставно и вкусно јадење.

Состојки:

(за 2 лица)

– 130 гр исцедена туна

– 400 гр сечкани домати

– 1 главица кромид

– 3 чешниња лук

– 1 брокула

– маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Ставете ја водата да зоврие во сад и потопете ги во неа доматите една минута.

Извадете ги и излупете ги и исечкајте ги на парчиња.

На маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид, додадете го издробениот лук и динстајте уште малку.

Потоа додадете ги сечканите домати и динстајте околу 15 минути. На крај додадете ја исцедената туна.

Сол и бибер по вкус.

За тоа време варете ги тестенините во солена вода. На крајот од варењето на тестенините додадете ја брокулата исечкана на цветчиња и сè заедно сварете до крај и процедете.

Додадете ги тестенините и брокулата во садот со доматите и туната и сè убаво измешајте да се соедини.

Послужете во длабока чинија и лесно прелијте со маслиново масло.

Слични содржини