Спроведените пред дена први морски тетсотви во Европа на американскиот противракетен систем се сведоштво за измама од страна на САД не само кон Русија, но и кон целиот свет. Ова обвинение го упати рускиот претседател Владимир Путин при учеството во Меѓународниот клуб “Валдано” во Сочи.
“Што значи тоа? Значи дека бевме во право кога во спорот со нашите американски партнери. Нас, а и целиот свет, се обидуваа уште еднаш да не стават во заблуда, а кажано поедноставно – не изневерија”, го цитираше ” Интерфакс “.
Путин смета дека во моментов проблемот со иранската нуклеарна програма е решен, а со тоа би требало да отпадне и поводот за изградбата на противракетниот штит.
“Причината што божем ги натерала нашите американски партнери да го градат системот за противракетна одбрана, исчезна. И имавме право да очекуваме дека ќе престане и работата на развојот на овој систем. А што стана во реалноста? Ништо слично не се случи, напротив, сè си продолжува. ”
Претседателот исто така смета дека под изговор за ракетно-нуклеарна закана од Иран била уништена “фундаменталната основа на современата меѓународна безбедност – Договорот за ограничување на противракетната одбрана”, од кој САД еднострано се повлекоа.
Договорот за иранската нуклеарна програма, беше постигнат со учество и на Русија, уште не е ратификувана во САД, а Парламентот во Техеран го одобри, но додаде услови, кои го ограничуваат пристапот до некои ирански објекти.
Освен тоа, во октомври Иран изврши тестирање на нова ракета со прецизно насочување кое им е забрането со резолуција на Советот за безбедност на ОН од 2010 година Во средата САД, Велика Британија, Франција и Германија побараа од Комитетот за санкции да го провери случајот и да преземе мерки против одговорните за ова. Во писмото до Советот за безбедност се тврди дека ракетата е способна да носи нуклеарно оружје.

По влегувањето во сила на нуклеарната зделка Иран ќе може да добива технологија за балистички ракети по 8 години и тоа со одобрение на Советот за безбедност, но САД соопштија дека ќе наметнат вето на слични предлози.
Денес Путин изјави во Сочи дека “прашањето не е во хипотетичка нуклеарна закана, каква што никогаш немало, прашањето е во обидот да се уништи стратешкиот баланс, да се измени односот на силите во своја полза”.
САД постапуваат по исклучително опасно сценарио, продолжи со критиките претседателот, опасен за сите, вклучително и за Америка. Тие се стремат не само да доминираат, туку и да ја диктираат својата волја како на геополитичките конкуренти, така и на нивните сојузници, смета Путин. Тој заклучи дека “кај некои дури и наиде на илузија дека во светски конфликт повторно е на дофат реална победа на една од страните без неповратни, неприфатливи – како што велат стручњаците – последици за победникот, ако воопшто има победник.”
Тестовите на морскиот елемент на противракетниот штит се одржа на 20 октомври крај бреговите на Шкотска. Во тестирањата холандски брод ја следеѓе целта и предаваше информации на американскиот ракетен крстосувач “Рос” – истиот, кој минатата година беше предмет на прелети од непосредна близина од руската авијација во Црното Море.
Официјалното соопштение тврди дека тестот на системот за заштита бил успешен и дека покажал и способност да биде дури и база во Романија.
Меѓународниот клуб “Валдано” се одржува по дванаесети пат ,а првичната замисла беше на оваа платформа странски и руски аналитичари и политичари да се сретнат очи во очи со лидерите на надворешната политика на Москва и ги споделат гледиштата. По анексијата на Крим организаторите на форумот беа критикувани дека го претвориле во “голем настан”, чија цел е да го пренесат авторитетот на појавата на претседателот Путин. Ефектот врз руската политика е контроверзен, додека Москва го користи “Валдано” да ги шири своите погледи за светот и односите во него.
Оваа година Путин повторно го нарече трагедија распадот на поранешниот СССР во 1991 година- “Продолжи да инсистирам дека ова е трагедија и пред сè, таа е со хуманитарен карактер – за тоа зборував”.
Претседателот потсети на она што го рекол порано – дека за една ноќ 25 милиони етнички Руси се најдоа во странство “против својата волја”. “Ќе ја повторам својата теза дека рускиот народ се покажа најголемиот поделен народ во светот. И тоа, безусловно, е трагедија.” Путин истакна дека СССР се распаднал поради интерни причини и особено, стечај на политичката и економскиот систем. “Кој помагал за тоа е сосема друго прашање. Не мислам дека нашите геополитички противници стоеле настрана”, го цитираше ТАСС.

