Тестови на Xiaomi BlackShark се појавија во AnTuTu

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Новиот паметен телефон Xiaomi, со кодно име BlackShark, се појави во популарната база на апликации за тестирање на AnTuTu. Во принцип производителот на уредот не е објавен, но речиси е сигурно дека станува збор за Xiaomi кои ја купија скоро кинеската компанија со истото име.

Меѓу спецификациите кои ги наоѓаме во страницата се процесор Snapdragon 845, 8GB RAM меморија, 32GB меморија за апликации и дисплеј со резолуција 2160×1080 пиксели. Оперативниот систем, се разбира, е Android 8.0 Oreo.

Ова може да биде паметниот телефон за игри на Xiaomi, за кој веќе извесно време се зборуваше. Инаку интересно е дека телефонот постигнал резултат 270 680 поени, што е повисок резултат од оној на Galaxy S9 + кој во истите тестови достигна 265 267 поени.

Слични содржини