293
Полицијата од Тетово денес информираше дека е приведено 26-годишно женско лице кое било осомничено за кражба на пари од касата во фирмата во која работела. Според полицијата, се работи за 2.600 евра.
„Околу 11часот и 30 минути, на улица „ЈНА“ во Тетово, лишена од слобода е 26-годишната тетовка Д.Ј.,поради основи на сомнение дека претходно извршила кражба во фирмата во која работела, при што од касата одзела парични средства во вкупен износ од 2600 евра.Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе и биде изготвен соодветен поднесок“, посочо Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Кражбата во продажниот салон на фирмата го пријавила одговорната на фирмата.