Тетовец на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец

Лицето е лишено од слобода, известуваат од МВР

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Фејзбук профил на МВР
Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец.
Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава, известуваат од МВР.