297
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од тетовското село Синичане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „присилба“.
Пријавениот, во текот на 2019 на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворил лажен профил на корисник на име на 46-годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената.
Пријавениот, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска.