Тетовец фатен со марихуана, обвинителството нареди истрага

од Берта Китинска
375 прегледи

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен тетовец осомничен за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што сопшти Jавното обвинителство, при претрес во домот на осомничениот на 29 март биле пронајдени неколку различни пакувања со наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 653,6 грама. Дрогата била скриена на различни локации во домот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Со решение на Судот на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​​

Слични содржини