Тетовскиот кризен штаб за справување со Ковид го оддржа својот прв состанок, 16 лица се хоспитализирани во моментов

208 прегледи

Денес се оддржа првиот состанок во кругот на Кризниот штаб за справување со коронавирусот во Општина Тетово. На овој состанок беше заклучено дека значително е намален бројот на заболени и хоспитализирани од Ковид 19.

Во тетовската болница има 16 лица кои се лекуваат за разлика од последниот состанок на Кризниот штаб на 21 декември кога имало 36 граѓани на болничко лекување.

„Вкупниот број на заболени лица од почетокот на пандемијата до денес е 4870. Од оваа бројка досега се опоравиле 3985 лица, а 187 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и петте околни општини е 698. Во Клиничката болница во Тетово, на Одделот за инфектологија има вкупно 16 пациенти со умерена клиничка слика и на кислородна поддршка“ , посочи Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Инаку, во текот на минатата недела, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, во периодот од 25 декември до денес за неносење заштитни маски издадени се казни на вкупно 246 граѓани.

„Во овој период, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тетовскиот регион подготви нови решенија за изолација за 158 граѓани, додека со вакви решенија беа извршени проверки на 289 лица“, истакна Арифи.

Во градинките „Младост“ една група е во домашна изолација.

 

Слични содржини