Тевез ја заврши кариерата: „Никогаш повеќе во Бока“

од Берта Китинска
208 прегледи

Карлос Тевез ја заврши својата играчка кариера на 37-годишна возраст како играч на Бока јуниорс, која ја обожава.

„Можам да кажам дека се повлекувам, но можеби за три месеци ќе се разбудам и ќе сакам да играм повторно. Сепак, никогаш повеќе во Бока. Ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Се чувствувам како да сум донел правилна одлука. Бока е мојот живот и не можам да бидам просечен тука. Ако не можам да обезбедам сто проценти, тогаш подобро е да си одам“.
Таткото на Тевез неодамна почина од последици на коронавирус.
„Многумина ме замолија да останам до декември, да чекам луѓето да се вратат на стадионите. Сакав да заминам задржувајќи некои посебни спомени како последни. Нема ништо поубаво од последните овации на Марадона на тренинг, последен пат кога татко ми ме гледаше како играм и станав шампион, последен пат го видов како плаче од среќа. Не ми треба ништо друго за да бидам среќен. Мојата крв не е црвена, секогаш ќе биде „сино-жолта“. Се гледаме наскоро “, сподели тој.
Тевез е дете на Бока јуниорс. Во својата кариера има играно за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, Шангај Шенхуа и во три наврати за Бока.

Одигра 76 натпревари за репрезентацијата на Аргентина и постигна 13 голови.