„Tежи колку четири хрчаци“: Изваден најголемиот камен во бубрег на светот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
419 прегледи

Најголемиот камен во бубрегот во светот беше отстранет од пациент на почетокот на јуни. Со големина на грејпфрут, долг колку банана, а кога ќе слушнете како ја опишале тежината…

На пациент во Шри Ланка му го отстранија најголемиот камен во бубрегот на светот – тој е со големина на грејпфрут и долг колку банана, а ќе се изненадите кога ќе слушнете како лекарите ја опишале неговата тежина.

Камен во бубрег долг 13,372 сантиметри и тежок 801 грам собори два светски рекорда кога беше отстранет од лекарите од армијата на Шри Ланка на први јуни. Претходните рекорди за должина беа 13 сантиметри, поставени во Индија во 2004 година и 620 грама во тежина, поставени во Пакистан во 2008 година, според Гинисовата книга на рекорди.

Гинисовата книга на рекорди потврди дека и двата рекорда се соборени од камен од Шри Ланка, отстранет во воената болница во Коломбо. Во соопштението се нагласува дека каменот отстранет од пациентот тежел „колку четири хрчаци“.

Камењата во бубрезите се состојат од цврсти парчиња материјал што се кристализираат во бубрезите, уринарниот тракт или мочниот меур, а причините за камењата во бубрезите се генетски или поврзани со животната средина.

Слични содржини