Тежок период за Клои Кардашијан: Оди на хипноза, анксиозна е и незадоволна

од Elena Daskalova
365 прегледи

Клои Кардашијан многу се грижи за својот физички изглед, а коментарите дека користи филтри и ефекти за разубавување доста ја погодуваат и повредуваат. Таа сето тоа го поднесува многу тешко.

И покрај тоа што изгледа подобро од кога и да било, Клои не може да ги заборави комплексите со кои долго време живеела и се соочувала поради изгледот. Затоа и не крие дека страда од анксиозност и константно незадоволство од себе.

Поради тоа, мора да се обидува на секакви начини да го надмине проблемот, бидејќи има ќерка за која треба да се грижи. Според нејзините најблиски, најмногу во тоа ѝ помага хипнотерапијата, со чија помош учи да гледа позитивно на светот.

Клои ја одбрала оваа терапија во вистинско време, а таа веќе покажала доста подобрување.

Слични содржини