Документи откриваат дека Лондон гледа на Саудиска Арабија како на “приоритетен пазар” за британските компании, пишува весникот The Guardian. .Владата на Дејвид Камерон вложува напори за освојување на договори за јавни набавки во областа на здравството, безбедноста, одбраната и правда, и покрај забелешките кон Ријад по повод почитувањето на човековите права.

“Станува јасно дека министрите градат уште поблиски врски со најпознатите прекршители на човековите права во светот”, коментираше Маја Фоа, директор на тим за помилување од смртна казна, нагласувајќи дека Лондон “итно мора да ги расчистат договорите со Саудиска Арабија и други репресивни режими”.Британскиот бизнис имаат корист од нестабилната ситуација на Блискиот Исток.Студија на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (SIPRI) покажува дека во моментов Велика Британија е најголемиот снабдувач на оружје за арапското Британија, заземајќи удел од 36% од целиот увоз на борбена техника во блискоисточната држава. Овие показатели испровоцираа негодувањата на голем број организации за човекови права, кои побараа да добијат одговор на прашањето зошто Лондон продолжува да продава оружје на земја со репресивен режим на управување, каков што е саудискиот.