The Independent: Дали Турција се доближува до диктатура

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Турција се упатува кон гласачките кутии во неделата за парламентарни избори, кои се закануваат да ја зголемат поларизацијата во земја која е веќе длабоко поделена. Како резултат на тоа претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот, која управува со Турција од 2002 година, можат да воспостават еднопартиско управување и монопол на политичката власт.

20151028.dtotkgnbjv

 Во Турција предизборната кампања го  прошири јазот меѓу Курди и Турци, секуларни луѓе и исламисти , сунитски мнозинство и алауитското малцинство. Овие избори можат да одредат дали Турција ќе се вовлече во војните во Сирија и Ирак, пишува The Independent.Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека поддршката за најголемите партии не се сменило суштинско од јуни, која  поддршка за АКП е над 40%. Тоа ја става во рамките на тоа, да не може да  достигнат неколку места за апсолутно мнозинство, кое ќе ја принуди да побара коалиција со световната Републиканска народна партија или ултрадесничарската партија на Националната акција. Но Ердоган до сега не покажувал преференции за коалиции или желба да дели власт . Неговите шанси за победа можеби се повисоки отколку изгледаат, бидејќи многу институции и центри на моќ, како армијата, судството и повеќето медиуми се ставени под негова контрола. Ердоган, исто така може да има корист од чувството меѓу многу гласачи дека АКП претставува стабилност, дури и ако тоа вклучува чекори кон диктатура, а другите алтернативи би довеле до економска нестабилност и несигурност. Турската економија веќе не произведува  раст, виден во 2012 година. Добро образовани луѓе со високо образование  тешко е   да најдат работа, или  тие кои ќе ја изгубат да си најдат  нова. Се тоа упатува кон владеење и режмски однос кон неистомислениците  и дилемата се доближува ли Ердоган кон диктатурата