The Independent: Наследници на Гебелс судат издавачи за неисплатени авторски права

од Vladimir Zorba
111 прегледи

 Наследници на Јозеф Гебелс им судат на издавачите  за користење на неговите цитати во биографија на нацистичкиот министер за пропагандата, пишува The Independent .

i newspaper launched

 Издавачката куќа “Рандом хаус” е тужена од семејството на познатиот нацист по одлуката да се објават англиската верзија на Геобелсовата биографија од Питер Лонгерих пред таа да биде објавена во Германија во 2010 година.
Спорот тужителите  по прашањето за употребата на дневникот на Гебелс,  Питер Лонгерих, професор по современа германска историја во Лондонскиот универзитет “Ројал Холовеј”,го  користи како основен извор на цитати.
Иако издавачот првично се согласува да плати лиценца за правата, така како што постапуваат и други издавачи, кога користат дневниците на Гебелс, компанијата подоцна се откажува од таа своја намера и вели дека е погрешно да се плаќа лиценца на наследниците на нацистичкиот воен злосторник.
” Не можам да верувам дека некој ќе сака да му биде платена лиценца за зборовите на Гебелс “, вели Рајнер Дрезен, адвокатот кој ја претставува издавачката куќа