Во тоа што САД активно се спротистават против излегувањето на Велика Британија од ЕУ, нема ништо чудно, дотаму што европската интеграција главно била американски проект, пишува The Telegraph. Согласно обелоденетите државни материјали американското разузнавање го финансирало создавањето на Европската унија уште во средината на минатиот век, пишува и РИА Новости.Во еден од документите, кој датира од 26 јули 1950 година се открива информации за кампања насочена кон создавање на Европарламентот. Иницијатор на меморандумот било Управувањето на стратешките служби кои се јавуваат како претходник на ЦИА, наведува весникот.
Притоа САД секогаш посветуваат внимание на Велика Британија, чие учество во евроинтеграцијата било приоритет за Американците.
Тадиќ: Вучиќ ги фалсификува изборните резултати, 4 дена РИК брои 2% од гласовите
Според објавените податоци, ЦИА соработува со “татковците – основачи” на ЕУ, користејќи ги како свои соработници. Американското разузнавање се стремело да ја зачува зависноста на Европа од Вашингтон и од се труди да се меша во ЕУ во потрага по алтернативни извори на финансирање.
Како што забележува авторот на статијата, во процесот на изградба на единствена Европа имало и проблеми. На пример, во службена белешка од 11 јуни 1965 година на потпретседателот на европското општество биле дадени инструкции да се оствари проектот за единствен монетарна унија. Во документот се нагласува дека е потребно да се избегнат секакви дебати за темата, додека одлуката за воведување на единствена валута стане неизбежен факт. Како што покажува историјата овој пристап се покажал не особено мудар, имајќи ја предвид денешната ситуација на долгови, дефлација, масовна невработеност во јужните делови на Стариот континент.
“Во извесна смисла овие документи се историја. Но тие покажуваат дека САД “држава во држава” заглавила во оваа идеја буквално до уши “, завршува анализата весникот.

