ЕУ подигна обвиненија против “Газпром”. Наместо да се зголеми енергетското производство, ЕУ подигна обвиненија против “Газпром”, пишува The Wall Street Journal.

Руската енергетска компанија дефинитивно е “антимонополски кандидат”. Таа контролира една петтина од светските гасни резерви, од кои снабдуваат над една четвртина од гасот во Европа. Во осум земји од ЕУ, кои се во фокусот на претензиите на Брисел – Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Словачка, пазарниот удел на “Гаспром” се движи помеѓу 50% и 100%, според ЕК.
Иако енергетскиот гигант е само делумно во сопственост на руската држава, компанијата ја искористи својата доминантна позиција на пазарот, за да му служи на Кремљ. Во 2006 и 2009 година таа престана снабдувањето на Украина во екот на зимата, за да го казни Киев дека дејствува против волјата на Москва. Ова е причината истрагата на Комисијата да изгледа незначително во споредба со стратешката закана, која “Газпром” и претставува за ЕУ. Брисел ја обвинува компанијата дека морала територијални ограничувања кои нејзе неи дозволуваат да ги покачува цените, и дека го обврзува снабдувањето со условот за ексклузивен пристап до гасоводи, за да ги спречи конкуренти.
“Газпром” тврди дека се придржува кон сите закони во земјите во кои оперира, и дека ќе се заштити против овие приговори.
Вистинското прашање тука е тоа ли е најдобар начин Европа да се спротивстави на доминацијата на Русија над енергетските резерви во континентот. Подобро решение на стратешки и економски план би било да се спуштат бариерите за влез во европската гасната индустрија, и да им олесни на конкурентите на “Газпром” да експлоатираат огромните, но недопрени локални гасни полиња.
Германија увезува скоро 40% од природниот си гас од Русија, макар да има доволни резерви од шкрилци со гас, за да ги покрие своите потреби. Берлин сепак забрани повеќето форми на шкрилци и нивна екстракција и употреба на нуклеарнаат енергија.
Околу 1.300 трилиони кубни метри шкрилци лежат под Северна Англија, а има и значителни наоѓалишта под делови во Велс, Шкотска и Југоисточна Англија. Парламентот сепак оваа година наметна ограничувања , така потешко дека се каже дека тоа е еднакво на забрана. Начинот на правење гас од шкрилци е забранет и во Бугарија, Франција и Луксембург, меѓу другите зависни од Кремљ европски држави.
Во меѓувреме, европските влади поминуваат децении во извршување на политики, со кои го зголемуваат цените, за да субвенционираат обновливите енергетски ресурси, како сончевата или ветровата енергија, што остава корисниците зависни од било кога од гасот на “Газпром”, пишува The Wall Street Journal.