The Wall Street Journal: Оската Москва-Пекинг-Техеран ќе го раздрма САД

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Важноста на договорот за иранската нуклеарна програма се заклучува во тоа дека Русија и Кина ќе  потпомогнат со своето влијание во регионот, а исто така и во појавата на нова геополитичка оска Москва-Пекинг-Техеран, која ќе го  забрза “залезот на Америка”.

pari

Ова го пишува аналитичарот од Институтот Хадсон Артур Герман во својот напис за The Wall Street Journal.Герман наведува дека појавата на новата оска ќе се случи “речиси веднаш” и тоа ќе стане најголемото геополитичка поместување на влијанието на Блискиот Исток од времето на Суецкиата криза од 1956 година. При тоа, забележува тој, во појавата на таква оска нема ништо неверојатно кога  токму Русија и Кина се спротивставувале на наметнување на економски санкции врз  Иран,  и тогаш кога САД активно ја  протурка оваа идеја во ОН, без да се земат предвид позицијата на Москва и Пекинг. Аналитика е убеден дека токму НР Кина и Русија ќе станат најважните играчи во обновата на иранската економија во периодот по санкциите – почнувајќи со информатичката технологија и се  до развој на гасниот и нафтениот бизнис