Контроверзната серија на HBO за која постојано се коментира на мрежите ќе заврши порано од планираното, најави популарниот музичар и водител на серијата The Weeknd.
Според првичниот план, серијата требаше да има шест епизоди во првата сезона, но ТВ Лајн во понеделникот изјави дека дошло до промена и дека на серијата повеќе не ѝ се потребни шест епизоди.
Откако серијата доби нов режисер, Сем Левинсон, сценариото драстично се промени, а ова беше една од клучните промени, а се што требаше да биде вклучено во првата сезона беше спакувано во пет епизоди.
ONE MORE EPISODE #THEIDOL EP. 5 pic.twitter.com/kcXYUdVcKw
— Abel Tesfaye (@theweeknd) June 26, 2023
Ко-креаторот на серијата, The Weeknd, ја објави последната епизода на својот Твитер и со тоа ја потврди новата промена.
Околу „The Idol“ имаше многу контроверзии уште пред почетокот на емитувањето, а многумина изјавија дека целиот проект е „бизарен, див и одвратен“, а имаше и бројни дебати за положбата на жената во општеството и шоу бизнисот.
Главните актери, The Weeknd и Лили-Роуз Деп, во неколку наврати изјавија дека не е се како што изгледа, и дека иако серијата е мрачна, секој треба да донесе свои заклучоци и дека транспарентно се прикажуваат и добрите и лошите страни.