Thuraya X5-Touch поддржува сателитски и мобилни врски и работи со Android

од Vladimir Zorba
283 прегледи

Во рамките на својата партнерска конференција во Дубаи, Thuraya претстави интересно уред за кој тврди дека во пракса е првиот во светот сателитски смартфон.

Уредот се нарекува X5-Touch, работи со Android и нуди 5.2-инчен full HD дисплеј со Gorilla Glass, а според компанијата, тој е насочен кон патниците, кои често се во зони без мобилен опсег и е погоден за различни примени како владини мисии, енергетски проекти, деловна комуникација итн.

Смартфонот има можности за 2 СИМ картички и е водоотпорен (IP67), а освен тоа поддржува истовремена работа со сателитска и мобилна (2G, 3G, 4G) врска. Додадени се батерија со голем капацитет, SOS копче, две камери и познати функции како Wi-Fi, Bluetooth и NFC плус можност за лоцирање во системите GPS, Glonass и BeiDou.

Засега не е позната цената на уредот, но неговата продажба ќе започне дури во последниот квартал на годината.

Слични содржини