Ти благодарам Хан, му пиша Ахмети

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Писмо за благодарност и за поддршка на договорот на 2 јуни, му испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.  Во него му изразува благодарност нему, на неговите соработници и на тројцата европратеници за како што вели, заедничките напори за решавање на политичката криза во Македонија. Придонесот на Амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија е добредојден, ценет и ние се залагаме за продолжување на напорите во ист формат во текот на спроведувањето на договорот, стои во писмото. На овој начин Ахмети одлучил да ја одбележи 13-годишнината од основањето на ДУИ.

ahmeti_3„Би сакал да ја искористам оваа можност да ја реафирмирам нашата цврста определба за спроведување на договорот постигнат на 2 јуни во Скопје и ќе продолжиме со конструктивниот придонес во сите нивоа за да се реши политичката криза како и да го отвориме патот на суштинските реформи во корист на сите граѓани и нашата земја“, пишува Ахмети.

Истовремено, преку писмото Ахмети ја поздравува, како што вели, силната посветеност на Хан и неговото инсистирање за да се постигне заеднички компромис и тоа што Европската Унија ќе прифати договор постигнат со согласност на четирите најголеми партии.

„На крајот на писомото за поддршка, би сакал да ја изразам мојата убеденост дека четирите политички лидери треба да вложат дополнителни напори за промовирање на договорот и да се посветат на неговиот успех. Затоа, ве уверувам дека ќе најдете партнер кај нас, не само за поддршка и спроведување на договор од 2 јуни, но исто така и за приближување на Македонија кон Европската Унија“, завршува писмото на Ахмети до Хан.