Финскиот претседател Саули Ниинисто на прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон бил запрашан дали влегувањето на неговата земја во НАТО ќе ја испровоцира Русија, пренесува Би-Би-Си. Тој потсетил дека ова „не е првпат да се зборува за НАТО“.
„Кон крајот на минатата година (Русија) рече дека Финска и Шведска не можат да се приклучат на НАТО – тие бараа НАТО да не приманови членки“, рече финскиот претседател.
„Тие се подготвени да ја нападнат својата соседна земја, така да … мојот одговор би бил „ти го предизвика ова – погледни се во огледало“, рече Нинисто.
Финска вели дека поднесувањето барање за влез во НАТО е за одбрана, но дека Владимир Путин не го гледа тоа така и дека проширувањето на НАТО на исток отсекогаш го гледал како закана, пишува Би-би-си.
Финска дели 1.300 километри граница со Русија, што ја прави воената моќ на алијансата многу поблиску до Москва.
Членството на Финска и Шведска, исто така, ќе го направи НАТО посилен, со зајакнување на неговото источно крило и присуството во Балтичкото Море. Кремљ се закани со одмазда, наведува Би-Би-Си.