„Ти посакувам добро“: Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата на скијање (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Актерката Гвинет Палтроу неодамна се појави на суд во врска со обвинувањата на пензионираниот лекар Тери Сандерсон дека во 2016 година предизвикала несреќа на скијање и дека во таа прилика му нанела повреди кои оставиле последици по неговиот живот и здравје.

Сандерсон побара отштета од 300.000 долари за „повреда на мозокот, четири скршени ребра и други сериозни повреди“. Во меѓувреме Палтроу поднесе противтужба, барајќи надокнада на правните трошоци и отштета од 1 долар.

Откако двајцата сведочеа, Гвинет ја доби судската битка, а Сандерсон беше прогласен за „100 отсто виновен“.

Како што пренесуваат странските медиуми, покрај слушањето на сведочењата и увидот во доказите осум дена, поротата во четвртокот заседаваше два часа, по што пресудите беа дека актерката е невина, и добила еден долар како отштета и дека Сандерсон мора да ѝ ги плати судските трошоци.

После тоа, на интернет се прошири видео на кое актерката нешто му шепоти на човекот кој ја тужеше.

„Ти посакувам добро“, му рече Гвинет и ја напушти судницата.

Слични содржини