Тибетскиот духовен водач Далај Лама наполни 86 години

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Тибетскиот духовен водач, Далај Лама, денес наполни 86 години. Тој им се заблагодари на своите приврзаници и ѝ се заблагодари на Индија, каде што живее откако ја напушти својата татковина во 1959 година.

„Сакам да изразам длабока благодарност до сите мои пријатели кои навистина ми покажаа љубов, почит и доверба“, рече Далај Лама во видео порака, пренесува АП.

Тој ја повтори својата мисија да му служи на човештвото и ги повика своите приврзаници да бидат сочувствителни.

„Откако станав бегалец и се сместив во Индија, целосно ја искористив индиската слобода и верска хармонија“, рече тој, додавајќи дека има голема почит кон индиските секуларни вредности како што се искреност, каруна (сочувство) и ахима (ненасилство).

Мала прослава се одржа во Централната тибетска администрација, на која присуствуваа главно владини претставници.

На проектираниот екран беше пуштена видео порака од Далај Лама, проследена со културен перформанс од страна на Тибетскиот институт за изведувачки уметности.

Слични содржини